За разлика од милениумците, генерацијата Z влегува на пазарот на трудот на релативно просперитетна возраст. Но, тоа не е единствената причина поради која тие се понапредни.
Наместо да ја почнат кариерата во периодот по големата економска криза, припадниците на генерацијата Z имаат пристап до повеќе можности како фриленсери и во традиционалните компании во кои побарувачката за работници со технолошки вештини расте. Се чини дека тоа им дава на припадниците на генерацијата Z уште една предност во однос на милениумците.
Фото: Pixabay
Компанијата „Трансјунион“ од САД известува дека припадниците на генерацијата Z финансиски се подобри од милениумците. Истражувањето на компанијата анализирало потрошувачи родени по 1995 година. Било откриено дека над половина од припадниците на генерацијата Z имаат земено кредит и немаат исти тешкотии при враќањето на долговите како што имаат милениумците.
Само 39% од милениумците на истата возраст биле способни за враќање долгови, додека процентот е поголем од половина за припадниците на генерацијата Z за истото прашање. Згора на тоа, трошењето од страна на помладите генерации се разликува од она на милениумците во тоа што помладите поретко прават големи трошоци на почетокот на кариерата.
Според Мат Комос од „Трансјунион“, припадниците на генерацијата Z имаат предност бидејќи сега има повеќе достапни кредити во споредба со изминатата деценија. За време на рецесијата имало значително намалување на кредитите и било тешко да се добие кредит, вели Комос.
Фото: Pixabay
Освен тоа, припадниците на генерацијата Z имаат различен пристап кога станува збор за личните финансии. Имено, 41% од младите работници имаат кредитна картичка, а 23% имаат кредит за автомобил. Кога станува збор за милениумците, 34% од нив на истата возраст имале кредитна картичка, а 16% имале кредит за автомобил. Од друга страна, милениумците почесто земале студентски кредити. Само 37% од припадниците на генерацијата Z земаат студентски кредити, додека процентот за милениумците изнесувал 44%.
Младите во САД денес растат слушајќи поучни приказни за нивните постари сестри и браќа, соседи и роднини. Затоа, кога станува збор за финансиите, помладите се повнимателни. Според
анкета спроведена од Американската психолошка асоцијација, потрошувачите од генерацијата Z на возраст од 18 до 21 година гледаат на парите како на главен извор на стрес.
Земајќи предвид дека стравот поврзан со личните финансии игра улога во животот на младите, разбирливо е зошто тие се повнимателни со своите пари, барем според денешните податоци. Доколку продолжи трендот, припадниците на генерацијата Z може да бидат едни од најуспешните професионалци што ги видел светот. Милениумците имаат време да ги стигнат, но треба да размислат како да се ослободат од големите студентски долгови пред да продолжат понатаму.
Извор:
Fee.org