X
 25.03.2015 Технологија

Учениците градат најголем телескоп во светот

Учениците од целиот свет градат гигантски телескоп, меѓутоа воопшто не изгледа онака како што си замислувате.

 

телескоп


Наречен ERGO, односно Energetic Ray Global Observatory, тоа е дистрибуиран систем на детектори на космички зраци кој споделува податоци. Колекторите се нарекуваат „пиксели“ бидејќи секој од нив претставува единствена точка на собирање на податоци. Основната идеја е да се стават колку што може повеќе од овие системи на мали точки насекаде низ светот (во училниците), со што учениците би учеле за науката и за глобалните податоци за космичките зраци.

Том Бејлс е човекот кој го започнал проектот, и бара институции да го финансираат проектот. Постои и Google Earth ERGO мапа која покажува каде се лоцирани 37 Пикесли, и секој може да биде кликнат за да покаже графикон на активности. 

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија