Кружниот тек е раскрсница во која сообраќајот се одвива кружно во спротивна насока на сказалките на часовникот (во земјите кадешто се вози лево е обратно - во насока на сказалките на часовникот). Може да има една или повеќе сообраќајни ленти. Колку се повеќе, толку е потешко за снаоѓање.
Иако изминатите неколку години, кружните текови се секојдневие, се`уште постојат луѓе кои не се сигурни како да се однесуваат кога ќе се најдат во него.
Првото правило на кружниот тек вели дека предност има возилото кое веќе е во кругот; оној кој сака да влези во него треба да почека и да се приклучи без да предизвикува опасност. Притоа не мора да вклучува жмигавец бидејќи е јасно дека оди десно. Ова правило важи во секој случај, освен кога сигнализацијата зборува поинаку, бидејќи тогаш на сила стапува правилото на десна страна (тогаш има предност оној кој влегува во кружниот тек). Затоа е потребно навреме да се воочат знаците.
Во кружниот тек со две ленти, потребно е да се избере правилниот пат. Ако сакате да излезете на првиот излез, треба да се вклучите во првата десна лента и веднаш да се исклучите и да дадете жмигавец, за останатите учесници во сообраќајот да знаат дека веднаш ќе се исклучите. Ако одите на другиот излез, тогаш можете да возите по самиот обем на лентата - влегувате од десна во десна или од лева во лева страна. Од десната трака во кружниот тек излегувате во првата, а од внатрешната во левата. Притоа, треба да дадете жмигавец за останатите возачи да ве пуштат да излезете од кружниот тек.
Ако одите на третиот излез, тогаш во кружниот тек треба да влезете од левата лента. Истото важи и за четвртиот излез.
Во секој случај, кога возите во внатрешната лента и сакате да се исклучите, морате да обрнете внимание на автомобилите од десно, кои одат право и треба да ги почекате.
Предности на кружниот тек
- Возилата во кружниот тек се движат бавно, такашто и во случај на сообраќајна несреќа, шетата е мала отколку на обични раскрсници
- Зголемен е протокот на сообраќај и се намалува гужвата која ја има кога има семафори
- Се намалува потребата за семафори
Со оглед на тоа што Американците не сакаат кружни текови и се`уште веруваат во класичните раскрсници, популарниот тим на „Mythbusters“ направи истражување што е поефикасно и што најдобро функционира. 385 автомобили поминале на просечна раскрсница без семафори, додека 460 возила поминаа на кружниот тек, што е 20% повеќе.
Во што најчесто се греши?
- Неследење на својата сообраќајна лента
- Неправилна употреба на жмигавците. Голем број луѓе знаат целиот кружен тек да го поминат со приклучен жмигавец, што предизвикува забуна кај другите учесници.
- Лоша проценка на брзината на возилата во кружниот тек. Голем дел од возачите мислат дека за брзо време ќе влезат во кружниот тек, со што предизвикуваат опасност.
- Занемарување на пешаците и велосипедистите. Поголемиот дел од возачите најмалку мислат на нив.
- Игнорирање на знаците.