X
 20.04.2015 Култура

Канцеларијата на Ајнштајн денот кога починал

Пред точно 60 години починал Алберт Ајнштајн. Сите знаеме колку влијаел овој научник на нашето денешно знаење за универзумот. Тој зад себе оставил многу истражувања, откритија и мудри забелешки. Сето тоа не би постоело доколку Ајнштајн беше уште еден мрзелив студент или работник. Една фотографија го докажува тоа.

На денот на смртта на Ајнштајн, сите новинари и фотографи биле пред болницата во која починал Ајнштајн. Фотографот на „Лајф“, Ралф Морс, отишол во канцеларијата на Ајнштајн на Институтот за напредни студии.

На работната маса во канцеларијата сè уште се гледа неговото луле, веднаш покрај листови хартија. Позади има математички белешки. Навистина, Ајнштајн работел до денот кога починал.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура