Aјнштајн бил многу мирно и повлечено дете. Не прозборел до петтата година од животот, па неговите родители биле многу загрижени. Потоа, еден ден, за време на вечерата рекол: - Супата е премногу жешка.
Кога родителите го прашале зошто не кажал ни збор дотогаш, тој им рекол дека сè било во ред до тој момент. Во текот на тој период неговиот татко му дал компас, кој го заинтригирал и го приближил до науката.
На 17 години се запишал на политехничка школа каде што положил математика и наука, но паднал на другите предмети. Посветил 10 години од својот живот на Теоријата на релативноста, која ја објавил во 1916 година. Сепак, никогаш не добил Нобелова награда за своето откритие бидејќи теоријата останала премногу контроверзна.
Сакал музика и еднаш рекол дека ако не бил научник, би сакал да е музичар. Работел до последниот ден и ја оставил генерализираната теорија за гравитацијата недовршена.
Имал 76 години кога починал. Причина за смртта бил пукната аневризма, која веќе била оперирана во 1948 година. Одбил да оди на уште една операција и изјавил дека животот не треба да се продолжува по вештачки пат.
Фото: Getty Images
- Го одработив мојот дел од работата. Време е да се оди. Јас тоа ќе го направам елегантно - рекол тој.
Неговите последни зборови пред смртта ќе останат засекогаш непознати бидејќи ги изговорил на германски јазик. Единствен сведок била медицинската сестра, но таа не го знаела јазикот. Иако не знаеме кои му биле последните зборови, знаеме што последно напишал.
Покрај неговата постела бил пронајден недовршен говор што сакал да го одржи во Израел. Преку говорот повикувал на мир во светот.
Починал на 18 април 1955 година. Иако неговите последни зборови се мистерија, со пишаниот говор испратил јасна порака до сите светски лидери. Штета што смртта го
прекинала среде пишувањето на говорот бидејќи имал многу што да напише.