Метеоролошкиот сервис „Сивир ведр јуроп“ (Severe weather Europe) објави долгорочна временска прогноза за претстојното лето. Во прогнозата сервисот се фокусирал на два различни модела.
Првиот модел, ЕЦМВФ (ECMWF), предвидува потопло време од вообичаеното во поголемиот дел од Европа. Исклучок е североисточниот дел, кој ќе биде под влијание на постуден воздух. За нашиот регион, моделот предвидува повисоки температури од просекот за ова лето (од 0,5 до 1 Целзиусов степен).
Кога станува збор за врнежите, над Централна и Северна Европа се предвидуваат суви услови, но ќе има влажност во јужните делови од континентот, па така кај нас може да се очекуваат и невремиња.
Фото: Pixabay
Вториот модел, ЦФСв2 (CFSv2), исто така предвидува повисоки температури во текот на летото. Исто како и другиот модел, за регионот се предвидуваат повисоки температури од просечните за 0,5-1 Целзиусов степен.
Во поглед на врнежите, овој модел предвидува главно влажни летни услови во делови од Европа, особено во јужниот дел и нашиот регион, каде што може да се очекуваат силни невремиња.
Извор:
24sata
Насловна фотографија: Pixabay