X
 26.04.2015 Образование

Од утре средношколците ќе кампуваат пред зградата на МОН!

"На денешниот генерален пленум едногласно се одлучи најавениот фронт на бојкотот пред МОН (во паркот на новинари) да се постави во понеделник, каде ние 24 часа дневно ќе го чекаме министерот да не прими на средба. Повеќе информации ќе бидат објавени во соопштение утре. Само напред соученици, силни, сложни и храбри до КРАЈ!" објавија од средношколскиот пленум на нивната Фејсбук страна.

 
Од средношколскиот пленум на денешната прес-конференција пред МОН, соопштија дека бојкотот во училиштата продолжува, со тоа што учениците ќе ја бојкотираат наставата, а по завршувањето на часовите ќе се приклучат на кампот пред МОН.


Тие ги повикаа сите граѓани да дојдат и да им ја дадат потребната поддршка.

Кои се барањата на Средношколскиот пленум?


1. Да се врати стариот концепт на полагање на државната матура (без електронско полагање, без 7 испити во 14 дена). Укинување на математиката како задолжителен предмет за СЕКОЈ ученик, од СЕКОЕ подрачје. Воведување на нов задолжителен предмет може да се случи само доколку ученикот е на време известен (пред да стане средношколец).
 2. Да се стави законот за екстерно тестирање во мирување, бидејќи е бесцелен и на никој начин не придонесува за повисок квалитет на нашето образование, туку токму спротивното.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование