Денес во Македонија ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Поинтензивни врнежи се очекуваат во источните и југоисточните предели.
Утре во Македонија ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, а во северозападните, западните и југозападните предели нестабилно со врнежи од дожд. Утринските температури ќе се движат од 3 до 14 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 11 односно до 23 степени. Слично време не очекува и во четврток.
Во петок умерено облачно со повремени сончеви периоди и топло. Но сепак да напоменеме дека постојат услови за развој на нестабилна облачност која може да услови локални врнежи од дожд.
Weather4all.com.mk