X
 29.04.2015 Образование

Како помина третиот ден од кампувањето на средношколците?

На третиот ден се одржа трета средба со Министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми и заменик министерот Спиро Ристовски. Но, иако средношколците пристигнаа на средбата со готови предлози и барања од кои не отстапуваат, конечен договор не беше постигнат.


Досега, по три недели бојкот, три марширања и две ноќевања под небо (и на дожд) Адеми прифати да го постави предлогот за враќање на стариот концепт на полагање матура на владина седница. Кога станува збор за екстерното, менување на ставот досега нема.

„Не сме задоволни од денешниот тек на разговорите, бидејќи единствено што ни понудија беше формирање на работни групи, а ние дојдовме со готови предлози“, изјавија денес претставниците на Средношколскиот пленум.

Погледнете како изгледаше третиот ден од кампувањето на средношколците пред МОН.

ГАЛЕРИЈА


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование