X
 29.04.2015 Технологија

Научната фантастика станува реалност

Тридимензионалните холографски слики и лебдечки екрани досега беа дел само од нашата фантазија. Набргу ова ќе биде реалност.


Напорната работа на научниците од Технолошкиот универзитет „Свинбурн“ во Мелбурн, Австралија довела до развојот на техника која со материјал основан на графен создава тридимензионални лебдечки екран во боја кој е видлив со голо око.

Графенот е материјалот кој на Андре Гајм и Константин Новоселов им донесе Нобелова награда по физика во 2010 година за неговото откривање. Графенот направи вистинска револуција во технологијата поради големата спроводливост и фасцинантните механички, термички и оптички карактеристики.

Тој стана главен материјал во производството на екраните на допир, а сега и за холографските слики. Холограмите функционираат на тој начин што ја извиткуваат светлината надвор од екранот на многу контролиран начин.


Истражувачите од „Свинбурн“ создале лебдечки 3-д екран со менување на графен оксидот, со што создале мали пиксели со нанометарска големина, што потоа овозможило создавање лебдечки 3д слики видливи со голо око.  


Со други зборови, наскоро ќе можеме да гледаме 3Д без да користиме очила. 

Оваа технологија може да биде применета и во армијата, забавата, образованието на далечина и медицината.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија