Што ги претвора луѓето во фанови на научната фантастика? Многумина „влегуваат“ низ портите на „Стар трек“, серија од 60-тите години за огромниот вселенски брод „Ентерпрајз“. Во серијата, екипата има мисија да ги истражува новите светови и храбро да оди онаму каде што никој претходно не бил.
Овој цитат доаѓа од „Енциклопедија на научната фантастика“, бесплатен онлајн-извор што содржи повеќе од 17.500 записи кои објаснуваат поими поврзани со научната фантастика, без разлика дали се стари или нови. Некои од страниците на оваа енциклопедија се занимаваат со дела како „Војна на ѕвездите“, стари филмски серијали, „Волшебникот од Оз“ и други.
Во енциклопедијата може да се најде „2001: Вселенска одисеја“ на Стенли Кјубрик, за кој пишува дека е најамбициозниот научнофантастичен филм од 60-тите години, а можеби и воопшто во историјата на филмот.
Оригинално објавена во физичка форма во 1979 година, „Енциклопедија на научната фантастика“ ја освои наградата „Хуго“ за најдобрата книга во 1980 година. Второто издание следуваше во 1993 година, со дополнување на ЦД-РОМ неколку години подоцна. Во 1994 година повторно ја освои наградата „Хуго“, а една деценија подоцна ја започна својата миграција на интернет.
Енциклопедијата можете да ја разгледате
ТУКА.