X
 25.11.2023 Култура

Ќе се снима нова сезона од серијата „Црно огледало“

Популарната научнофантастична серија „Црно огледало“ ќе добие седма сезона. Ова го потврдија авторите на серијата која зборува за модерното општество во блиска иднина и новите технологии и нивниот ефект врз луѓето.

Креаторот на серијата, Чарли Брукер, бил инспириран од серијата „Зона на самракот“.

Засега не е познато колку епизоди ќе има седмата сезона и кој ќе глуми во неа, но таа треба да почне да се снима оваа година. Продуценти ќе бидат Чарли Брукер, Анабел Џоунс и Џедика Роадс.

Обожавателите на серијата тврдат дека таа е добра бидејќи ја предвидува иднината на човештвото. Во една епизода се прикажува како се користат информации за животот на луѓето за да се создаде серија со вештачката интелигенција. Секако, оваа епизода била снимена пред појавувањето на „Чет-ГПТ“.

- Многу сум загрижен што може да направат вештачката интелигенција и употребата на „Чет-ГПТ“ и затоа сум овде - изјавил Брукер.


Извор: Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура