X
 15.02.2015 Наука

Писатели чиишто книги ја предвидоа иднината

Иако се`уште ниикој нема создадено временска машина (колку што знаеме), некои иновативни писатели на научна фантастика имале доста интересни и точни идеи.

Жил Верн (1828-1905)

Авторот на „20.000 милји под морето“ беше ЧОВЕКОТ. Кој може да ја заборави електричната подморница на Капетанот Немо? Или „проектилите“ од Земјата до Месечината кои носеле патници? Но, исто така тој измислил концепти. Напишана во 1889 година, неговата кратка приказна ја претставува 2889 година во која се претставници таканаречени „Хроники на Земјата“, говорни вести кадешто претплатниците можат да слушаат интересни разговори со новинарите, државниците и научниците. Исто така, тој тврдел дека еден ден човекот ќе може да рекламира на небото.

Херберт Џорџ Велс (1866-1946)


ВО неговата книга „Луѓе како богови“ имал идеја за телефон. „Луѓето повеќе не зборуваат на телефон. Испратена е порака, и се чека некој да ги акумулира пораките“. Ова за нас се едноставни работи, се` додека не земете во предвид дека биле пишувани во 1933 година.

Артур Кларк (1917-2008)

Кларк, брилијантниот човек позади „2001: A Space Odyssey“ разви идеја за комуникациски сателити во 1945 година. Овие сателити станаа реалност дури во 1965 година. Тој зборувал за пренесување на содржината на човечкиот мозок на компјутер. Во 2005 година во едно интервју со BBC, тој изјавил: „Кога нивните тела ќе започнат да се влошуваат, ги пренесувате нивните мисли за нивниот карактер да биде бесмртен. Потоа го зачувувате на CD-Rom и го приклучувате - толку едноставно!“.

Исак Асимов (1920-1992)

Овој професор, плоден автор и член на Менса, ги формулира трите закони за роботика во робот серијата којашто започна во 1953. Законите се: 1) роботот не може да му наштети на човекот; 2) тој мора да го слуша неговиот господар и 3) го штити сопствениот „живот“ само кога е во конфликт со претходните две точки. Но сето ова не беше научна фантастика и имаше практична примена - секое парче на машините мораат да се придржуваат до овие закони, за да функционира без да му наштети на лицето кое управува со неа.  Исто така, Исак ја предвиде „Encyclopedia Galactica“, колекција на целото знаење, одржувана од илјадници истражувачи. Ви звучи познато? Проверете ја Wikipedia.

Реј Бредбери (1920-2012)

Бредбери всушност ја мразел технологијата и живеел доволно долго за да биде противник на интернетот. Но, во неговиот познат роман, „Фаренхајт 451“, ликовите самите се приклучувале на нивното лично радио, четвртина од век пред да излезе вокменот: „А во нивните уши има мали школки...“ 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука