Студентите на државниот универзитет „Ферис“ во Мичиген наскоро ќе ја делат предавалната со „студенти“ со вештачка интелигенција.
Тоа нема да бидат роботи, туку алатки кои ќе комуницираат со студентите преку компјутери, микрофони и звучници.
Станува збор за експеримент воден од вонредниот професор Кејси Томпсон, а во него новите „студенти“ Ен и Фрај ќе слушаат предавања, ќе работат на задачи и активно ќе учествуваат во дискусии со другите студенти.
Која е целта на експериментот?
Универзитетот сака да го истражува влијанието на технологијата за вештачка интелигенција во образованието. Самите софтвери ќе „одберат“ студиски програми, според професорот.
Извор:
Futurism
Насловна фотографија: Pixabay