X
 20.01.2016 Забава

Teст за логичкото размислување на студентите

studenti

Еден професор сакал да го тестира логичкото размислување на неговите студенти, па затоа ги запрашал:


„Има 500 тули во еден авион. Една тула случајн паднала. Колку тули останале во авионот?

Еден студент одговорил:

„Лесно е. 499!“

„Точно. Следно прашање: Како би ставил слон во фрижидер во три чекори?“ - прашал професорот.

„Прв чекор: Ќе го отвориш фрижидерот; Втор чекор: Го ставаш слонот во фрижидерот; Трет чекор: Го затвораш фрижидерот“ - одговорил друг студент.

„Добро, следно. Како би ставиле елен во фрижидер во четири чекори?“

„Прв чекор: Ќе го отвориш фрижидерот; Втор чекор: Го вадиш слонот во фрижидерот; Трет чекор: Го ставаш еленот во фрижидерот; Четврт чекор: Го затвораш фрижидерот“ - се јавил трет студент.

„Одлично“ - рекол професорот. „Ајде сега друга загаткка. Лавот, кралот на животинскиот свет има роденденска забава. Сите животни доаѓаат да му честитаат освен едно животно. Зошто?“

„Бидејќи еленот се`уште е затворен во фрижидерот“.

„Одлично“ - рекол професорот. „Продолжуваме. Дали стара бабичка може да ја премине барата полна со крокодили?“

„Секако дека може. Сите крокодили се на забавата на лавот“.

„Браво! И сега - последното прашање. Бабата ја преминува празната бара но сепак умира. Што и` се случило?“

„Хм... Можеби се удавила?“ - вели еден студент.

„Не. Тулата којашто падна од авионот ја уби. Треба да го преполагате испитот“ - им вели професорот на неговите студенти.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава