’Ако го притиснам портокалот најсилно што можам, што ќе излезе од него?‘ го прашав.
Ме погледна како да сум полудел и рече: ’Сок, се разбира‘.
’Мислиш дека од него ќе излезе сок од јаболка?‘
’Не‘, се насмевна тој.
’Или можеби сок од грејпфрут?‘
’Не!‘
’Па што точно ќе излезе од него?‘
’Сок од портокал, се разбира.‘
’Зошто? Зошто кога ќе го притиснете портокалот, излегува сок од портокал?‘
’Па затоа што е портокал и тоа го има во себе!‘
Кимнав со главата.
Ајде да претпоставиме дека овој портокал не е портокал, туку дека тоа си ти. И некој те притиска, врши притисок врз тебе, ти кажува нешто што не сакаш да чуеш, те навредува. Од тебе излегуваат лутина, омраза, гнев, огорченост и страв. Зошто? Одговорот е, како што и самиот млад пријател вели, затоа што тоа се наоѓа во нас.
Тоа е една од најголемите животни лекции. Што излегува од вас кога животот силно ќе ве притисне? Кога некој ќе ве повреди или ќе ве навреди? Ако од вас излегува лутина, гнев, болка и страв, тоа е затоа што тоа се наоѓа во вас. Не е важно кој ве притиска – вашата мајка, братот, децата, шефот или државата.
Ако некој каже нешто што не ви се допаѓа, она што ќе излезе од вас веќе се наоѓало во вас. А она што се наоѓа во вас е ваш личен избор.
Кога некој ќе ве притиска и од вас ќе излезе што било друго освен љубов, тоа е затоа што сте му дозволиле да биде во вас. Еднаш кога ќе ги отфрлите сите тие негативни работи што не ги сакате во вашиот живот и ќе ги замените со љубов, ќе почнете да водите исклучително
функционален живот.“