X
 11.10.2019 Забава

Бенкси отвори продавница во која не може да се влезе

Мистериозниот британски уличен артист Бенкси повторно е главна тема во светот на културата. Пред неколку дена неговата слика „Devolved Parliament“ (Деволвиран парламент), која претставува мајмуни како расправаат во британскиот Парламент, беше продадена на аукција за повеќе од 11 милиони евра, што е рекордна сума кога станува збор за неговите трудови, а паралелно во Лондон тој ја отвори продавницата „Gross Domestic Product™“ (што во превод значи бруто-домашен производ) каде што е претставен неговиот опус. Но, во работилницата воопшто не може да се влезе.



Ова е првата и единствена продавница на артистот, а потенцијалните купувачи и фанови засега можат само да ја гледаат понудата од улица.

Всушност БДП и не е вистинска продавница, туку повеќе е галерија составена од неколку излози во кои може да се видат познати и непознати експонати - дела на Бенкси. Изгледа дека уметникот на почетокот немал идеја таму да продава нешто. Како што пренесуваат медиумите, тој ја отворил галеријата најмногу за да си го заштити интелектуалниот имот, имајќи предвид дека моментално е во судски спор со продавачи на честитки кои го „позајмиле“ неговиот дизајн.

Најавено е дека цените ќе се движат од 10 фунти нагоре, како и дека сите изложени предмети се рачно изработени во Велика Британија, од рециклирачки материјал.

View this post on Instagram

#grossdomesticproduct

A post shared by Gross Domestic Product ™ (@banksygrossdomesticproduct) on

View this post on Instagram

#grossdomesticproduct

A post shared by Gross Domestic Product ™ (@banksygrossdomesticproduct) on

View this post on Instagram

#banksy #grossdomesticproduct #croydonstreetart

A post shared by dct303 (@dct303) on

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава