X
 20.04.2015 Наука

Научниците: Во иднина возможна е човечка хибернација

хибернација 

 

Уште од дамнешни времиња, луѓето често пати мечтаеле за преспивање за време на студентските зимски денови како некои од нивните крзнести пријателчиња - токму овој сон еден ден би можел да стане реалност, велат научниците кои истражуваат нови начини за астронаутите да хибернираат во вселената.


Според Леополд Самерер, шефот на тимот од Европската вселенска агенција, истражувањето може да доведе „научна фантастика во областа на реалноста на науката“.

Земајќи примери од техниките кои ги користат животните кои паѓаат во зимски сон, науката веќе започна да користи некои од експерименталните медицински терапии како што е терапевтската хипотермија, која вклучува намалување на температурата на телото на неколку дена, за да помогне во лекувањето на лицата со трауматски повреди на мозокот.

Сега се прават испитувања со кои се истражува дали постои начин астронаутите да се држат во состојба слична на спиењето неколку денови или недели користејќи ја температурата без некакви штетни ефекти - нешто кое би било потребно за длабоко патување во вселената.

„Тоа не значи дека астронаутите ќе бидат во можност да хибернираат во скоро време, меѓутоа ние од природата учиме како да сфатиме некои од работите што им се случуваат на животните за време на хибернација, како што е спречување на губење на коскената маса или ослабување на мускулите. Ова е нешто од кое астронаутите ќе имаат голема корист за време на долгите летови во вселената“, вели Самерер.

НАСА го финансира истражувањето со цел да се проучува идејата за хибернација на астрнаутите. Во последниве неколку години НАСА има инвестирано милиони за проучување на ефектите од долгорочното живеење во вселената.

Минатата година, таа најави дека ќе спроведе истражување врз двајца близнаци. Скот Кели е испратен во Меѓународната вселенска станица една година, додека неговиот брат лизнак останува на Земјата.

И двајцата браќа ќе бидат предмет на 10 одделни истражувања за да се забележат разликите во животот на човекот додека е во вселената и додека е на Земјата.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука