X
 05.07.2015 Живот

Исповед: Што се` научив изневерувајќи ги другите

1

 

Mожеби пред време созреан, но прв пат изневерив долго време пред да имам секс. Имав 14 години, а со моето момче од училиште „излегував“ веќе неколку недели кога дозволив Матео да ме бакне на плажата во Бодрум. На патот кон хотелската соба, без нималку грижа на совест му испратив порака на моето момче да му кажам колку ми недостасува.


Од тој ден, изневерувањето за мене стана нужно зло, дел од животот кој мора да се искуси како активно, така и пасивно - слично како комплиментите и сексуално преносливите болести, само со потешки последици. И немој сега да се лутите поради претходната реченица. Сите тоа го знаете, вашите мајки и татковци го знаат и вашите пријатели го знаат. Сите некогаш сме изневериле и сме биле изневерени, но отсекогаш е подобро да изневериш некој друг освен себеси.

Иако знаеме дека со тоа правиме универзално срање, сепак повремено изневеруваме иако претходно сме се заколнале на вечна верност. И тоа се случува буквално секој ден. Сакам да го споделам она што го научив додека бев ѓубре, со надеж дека ќе ви биде од корист во следната можност за измама, кога ќе сфатите какво одвратно човечко суштество сте вие, па ќе ве облие ладна пот.

 

Не постои дефиниција за неверство


Поради некоја причина, магазините за жени и мажи се обидуваат да го кодифицираат неверството и ги советуваат паровите како да го препознаат чинот на неверство од случај до случај. Некои би рекле дека единствениот чин на неверство е оној во кој постои физички допир, а не е неверство ако испратите фотографија на која вие сте голи. „Тоа беше само сајбер секс“ - илјадници пати сме го слушнале овој изговор.

Сето тоа е глупост. За било кој чин со цел да се компензираат недостатоците во вашата врска и вклучувањето на третата личност може да се каже дека ја преминува границата. Ова вклучува и размена на експлицитни пораки на телефон и на интернет, фаќање за гради, фаќање за гас, секој интимен чин што вклучува физички допир.

Пијанството за време на извршувањето на чин не се квалификува како олеснителна околност. Добро, можеби не би можело баш се горе наброено да значи неверство на партнер, меѓутоа дефинитивно значи одење кон таа насока, што во суштина е иста работа.

Ако изневеруваш, нешто не е во ред со вашата врска

Ако се наоѓате во среќна врска која сексуално ве исполнува, обично нема потреба да ја испитуваш содржината од туѓиот долен веш. Кога ќе се потсетам на сите мои неверства, единствениот заеднички фактор е фактот дека сите се случуваа додека полусвесно вложував напор да одржам функционална врска поради која постојано бев депресивна.

Понекогаш не ми се допаѓаше дечкото со кој бев во врска, но понекогаш ми се допаѓаше но се пресели и стана Скиентолог. Без оглед на причината, неверството е корисно бидејќи може да разјасни како работите стојат - освен во случај да немаш ниту минимална способност за самоанализа. Обично човек сфаќа дека моменталната врска не го прави среќен ако забележи дека во секоја соба, улица, теретана или вц агресивно бара делови од телото на непознати луѓе.

Немој никогаш да признаете

Ве гуши вината, ви се чини дека единствено само ако признаете ќе ви се врати животот во нормала, потајно се надевате дека партнерот ќе ве остави? Не бидете арогантен/на. Оваа искреност ќе ви помогне само вас. Ќе ве ослободи од чувството на вина и ќе се казните себеси такашто ќе станете предмет на омраза за партнерот. Само што тоа не оди така. Партнерот нема да ве мрази, туку ќе остане заљубен/на во вас со години.

 

2


Постои мала шанса неверството да биде корисно за врската

Врската ви е срање, а неверството ви даде увид за тоа како работите ќе изгледаат доколку целосно се препуштите на чувствата.

Ако сексуалната самодоверба ви е поткопана поради моногамијата, неверството умее да ја врати во нормала, да ве натера да се почувствувате поубаво. Со новооткриеното чувство на вина и сексуална тензија, имате солидни шанси да се претворите во помалку депресивна верзија на вашите родители.

Многу е мала шансата да останеш со личноста со која си изневерувал/а


Стварно е мала шансата, па затоа престанете да се залажувате. Можеби ве понела бурата од естроген, тестостерон и сите останати хормони кои луѓето ги тера да го послушаат својот животински нагон. Вашите хормони не ги движи љубовта, туку досадата и стравот од самотијата. 

Пишува: Lizzy Fidel / Vice
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот