По денешниот протест кој беше најавен и држан пред Собранието, се случуваа некои работи кои н би требало да се случуваат.
"Студентите полека го напуштаат протестот поради зголемено присуство на провокатори кои сакаат да направат инциденти. Го задржуваме нивото и достоинството и ги повикуваме и другите совесни граѓани да го направат истото и да ја рашират оваа информација. Се работи за безбедноста на сите!" Објавија од Студентскиот Пленум
#ПоздравПленумци и сограѓани!
Како дојде до ескалација на протестот
Личен став на Огнен Јаневски
Да споделам нешто, кое ми е најкритично во ситуацијава, а ретко беше споделено како инфо:
Вчера, до 21:00 часот, сѐ си беше како што треба од двете страни, и од протестирачката – и од полициската. Имаше луѓе, со малку пократки нерви, на кои постојано им велевме: “Смирете се!!! Седнете долу! Кренете рацете! Не сме против полицијата! Не фрлајте кон нас!”. Тоа беа мал дел луѓе, кои да повторам, не беа провокатори, туку само силно изреволтирани. Да повторам, се’ беше во ред до 21 часот.
Целиот текст може д аго прочитате
овде