X
 15.03.2022 Политика

Од клупа на боиште: Украински студенти со тридневен тренинг одат во борба

Кога Русија започна војна во Украина, целосно се сменија животите на студентите во Украина. Голем дел од нив сега одат на боиште по неколкудневна обука.

Од Би-би-си разговарале со двајца млади волонтери кои се пријавиле да се борат за Украина. Максим Лутсик, 19-годишен студент по биологија, и Дмитро Кисиленко, 18-годишен студент по економија, се дел од младите Украинци што се подготвени да се борат во Киев. Студентите откриле за новинската агенција дека за време на тренингот, кој траел само три дена, научиле основни работи за борачки вештини, медицина и борба на боиште.

- Се навикнав на мојата пушка. Научив како да пукам и многу други работи што ќе бидат клучни во борбата против Русите - изјавил Дмитро.



Двајцата студенти се од ист град во близина на границата со Русија. Нивниот град моментално е цел на напад, а нивните родители се таму.

Максим открил дека мајка му му кажала да остане во засолништето и да волонтира таму готвејќи храна, а тој ја поштедил од деталите на неговата мисија. Од друга страна, родителите на Дмитро знаат што прави, а татко му му рекол да не глуми херој.

Извори: Studentski | BBC
Насловна фотографија: BBC (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика