Ниту дождот ниту пак силниот ветер вчера не ги предомисли средношколците да излезат на протест пред МОН. Како што велат тие, не се откажуваат од нивните барања за подобро и поквалитетно образование.
Дел од учениците се вратија на настава со цел да ги ресетираат тие 25 дена за бојкот, бидејќи во спротивно ќе треба да се соочат со парични казни. Учениците се децидни и велат дека бојкотот продолжува. Вчера во 17 часот средношколците ја блокираа улицата пред МОН, а иако протесот бил уредно пријавен, полицијата не ја затвори улицата за сообраќај, такашто автомобилите поминувале низ насобраната толпа на ученици.
Од Наставничкиот пленум се загрижени за безбедноста на учениците и остро осудуваат тоа што полицијата не знае да си ја заврши работата. Токму поради тоа тие апелираат до институциите да направат напори и да ја решат состојбата во образованието и да реализираат средба со средношколците.
Средношколците и за денес закажаа собир пред МОН, а за следните неколку денови размислуваат за нови активности за радикализација на бојкотот.
Околу 10.000 граѓани имаат ставено свој потпис на петицијата за поддршка за средношколците