X
 24.03.2018 Живот

Американски училишта користат вештачка интелигенција за да најдат предупредувачки знаци на насилство

Во надеж дека ќе го спречат насилството, училиштата се осврнуваат кон големи анализи на податоци за да ги испитаат постовите на социјалните мрежи и да ги уловат најраните знаци за насилство: депресијата, лутината и изолацијата. Едно училиште од Масачусетс се осврна кон „Social Sentinel“, компанија за анализа на податоци која вели дека може да го искористи типот на детекција на закана кој го користи полицијата за да ги идентификува ризичните ученици. Но, експертите се загрижени дека копањето по профилите на учениците на социјалните мрежи е дејство кое може да доведе до третирање на учениците на истиот начин на кој се третираат и осомничените.

Основачот и извршен директор на „Social Sentinel“, Гери Марголис, вели дека компанијата соработувала со лингвисти и психолози за да ја тренира својата вештачка интелигенција за пораките на учениците кои се повредиле себеси или другите. Марголис вели дека тие создале библиотека од 450.000 индикатори кои може да го вклучат алармот.

- На пример, го разгледавме јазикот кој училишните напаѓачи го користеле во минатото во неколку манифестации - што тие објавиле или споделиле на социјалните мрежи - и ги сфативме сличностите и шемите. Можеме да ги научиме компјутерите, до некој степен, да идентификуваат некои од тие нијанси - истакна Марголис.

Често постовите на социјалните мрежи се отворени на некои видови анализи на метаподатоци без луѓето да го знаат тоа. Сложеноста на оваа анализа значи дека сервисот ги обележува профилите пред да има некоја експлицитна закана и им дозволува на училиштата да интервенираат.

- Ние не сме алатка за набљудување, ние не сме алатка за следење, ние не сме алатка за истражување - истакна Маргулис.

Сè повеќе училишта го испробуваат овој приод. Училишниот систем од округот Мајами-Дејд побара 30 милиони долари од државните финансии за реорганизација на безбедносниот систем, вклучително и најмување луѓе за пребарување на социјалните медиуми. Училиштата од округот Вилсон во Тенеси исто така користат софтвер за следење на социјалните мрежи кој испраќа предупредување кога ќе се детектираат проблематични клучни зборови. Во Њујорк и Флорида, училиштата се осврнаа кон набљудување 24/7, препознавање на лица, читачи на регистрации - целата технологија развиена за полицијата и агенциите за антитероризам.

Маргулис признава дека има случаи кога некој е обележан, а не е ризичен, но може да има и обратни случаи. Од неговата компанија не сакаат да дадат точни броеви за степенот на успех кој го имаат.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот