Околу 450.000 прашања на македонски, албански, турски и српски јазик по вкупно 7.560 предмети се поставени на интернет страницата за екстерно тестирање. За секој предмет се генерирани прашања во зависност од неговата застапеност во наставниот план, односно бројот на часови. За предмет застапен со 1 час неделно, генерирани се 100 прашања, за предмет со 2 часа неделно генерирани се 200 прашања, за предмет застапен со 3 часа неделно генерирани се 300 прашања.
Секој ученик може на едноставен начин, преку менито на интернет страницата
prasanjaeksterno.dic.edu.mk, да ги обезбеди оние прашања по предметите коишто го засегаат.
Исто така, отворена е и можноста на секое прашање доколку некој од учениците или било кој граѓанин забележи извесна грешка од техничка или друга природа, која е возможно да постои имајќи ја во предвид количината на прашањата, да пријави со само еден клик на апликацијата/прозорчето поставено веднаш до секое прашање.
За други прашања или сугестии коишто не се поврзани со содржината, односно со технички корекции на прашања, може да се испрати мејл на адресата eksternocontact@dic.edu.mk, на што операторите од Државниот испитен центар ќе одговорат во најкраток можен рок. Оваа можност ќе биде достапна до 14 мај 2015 година, по што, откако ќе бидат вметнати сите издржани забелешки, повторно ќе биде креирана и објавена финалната база на прашања.