X
 27.05.2015 Образование

Објавени се распоредите за екстерно тестирање

Министерството за образование и наука информира дека распоредите за екстерното тестирање на учениците од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование се објавени на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk.

 

Секој ученик може да ги погледне датумот и часот кога ќе биде тестиран, додека за наставните предмети ќе биде информиран 3 дена пред датумот на полагањето, исто така преку наведената интернет страница.

Инаку, процесот на екстерната проверка на постигнувањата на учениците и проверка на објективноста на оценувањето на наставниците ќе се реализира во периодот од втори до десетти јуни и ќе опфати вкупно 183.280 ученици и 17.803 наставници.
 
Јавниот базен со прашања, објавен на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk содржи вкупно 445.700 прашања на македонски, албански, турски и српски јазик по вкупно 7.560 предмети. За секој предмет се генерирани прашања во зависност од неговата застапеност во наставниот план, односно бројот на часови. За предмет застапен со 1 час неделно, генерирани се 100 прашања, за предмет со 2 часа неделно генерирани се 200 прашања, за предмет застапен со 3 часа неделно генерирани се 300 прашања.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование