Поради вооружените инциденти во Куманово, и ново настанатата безбедносна ситуација, 11-тото издание на „Скопски маратон 2015’’ е откажан. Ова, доцна синоќа е објавено во соопштението на официјалната веб страна на оваа манифестација, од страна на организаторот Сојуз на спортови на град Скопје.
Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение.
"Почитувани маратонци, полумаратонци, љубители на спортот, посетители на манифестацијата, соработници, спонзори, партнери, волонтери и сите останати заинтересирани за нашата манифестација,
Сојузот на спортови на Скопје, како официјален организатор на Виз Ер Скопскиот Маратон, при завршувањето на финалните активности за денешниот маратон, доби телефонска информација од Град Скопје и МВР дека денешната манифестација Виз Ер Скопски Маратон 2015 поради ново настанатата – безбедносна ситуација во државата се ОТКАЖУВА.
Би сакале јавно како организатори да ве информираме дека ги чекаме писмените дописи од официјалните институции кои ја донесоа оваа одлука, со информација за откажувањето на Виз Ер Скопски Маратон 2015 година, кои веднаш по добивањето официјално ќе ги споделиме со јавноста и медиумите.
Искрено,
Сојуз на спортови на Скопје
-------------------------------------------------------
Dear marathoners, half-marathoners, sports admirers, visitors of the event, associates, sponsors, partners, volunteers and everyone else interested in this event,
The Sport Union of Skopje, as the official organizer of the Wizz Air Skopje Marathon, during the final activities for today's marathon, received information on the phone by the City of Skopje and the Ministry of Internal Affairs, that today's planned event, Wizz Air Skopje Marathon, due to the new security situation in the country has been CANCELED.
As organizers, we would like to inform you that we are waiting for written correspondence from the official institutions that made this decision, with information of the cancellation of the Wizz Air Skopje Marathon 2015, and immediately after receiving the official information we will share it with the public and the media.
Sincerely,
The Sport Union of Skopje"