Во соработка со eventbaxx од Германија, Виз Ер Скопски маратон оваа година воведува иновативен новитет, дигитален стартен пакет. Спонзорите, тркачите и животната средина, сите ќе имаат придобивки од новиот концепт, кој се спроведува низ целиот свет.
Концептот, заснован на eventbaxx и Виз Ер Скопски маратон, ќе се фокусира на одржливост и дигитализација. Главната цел ќе биде потполното задоволување на потребите на учесниците. Eventbaxx ги заменува флаерите и други хартиени материјали. Така, Виз Ер Скопски маратон и спонзорите ќе можат директно да им се обратат на сите учесници. Секој тркач на својата емаил адреса добива дигитален пакет кој вклучува корисни информации за трката и понуди од спонзорите. Промоциите презентирани во дигиталниот пакет се со висока додадена вредност за сите тркачи. Проектот за одржливост и намалување на користењето на хартија совршено се вклопува во концептот на Виз Ер Скопски маратон за намалување на емисиите на стакленички гасови и за зачувување на животната средина.
“Се радуваме на потенцијалната долгорочна соработка со eventbaxx, бидејќи Виз Ер Скопски маратон не претставува само движење за активно и здраво живеење во Македонија, туку се грижиме и за животната околина. Сакаме да го намалиме непотребниот отпадок од хартија и отпадните материјали на спортски настани и истото да го замениме со транспарентна, корисна алтернатива. Покрај тоа што нашите спонзори ќе имаат поголем увид во директниот маркетинг преку разни алатки, фокусирани сме на одржливоста и даваме дополнителна вредност на сите наши учесници во сите трки кои ги организираме, Виз Ер Скопски маратон, Авицена Женска трка и Скопје трча 10К", велат од Сојузот на спортови на Скопје, организатори на трките.
Иновативноста на eventbaxx им овозможува на организаторите на разни спортски и други настани да ги подобрат можностите за дигитална комуникација и спонзорство со неверојатни можности. Прилагоденото решение секогаш обезбедува неверојатни перформанси преку обезбедување анализа и евалуација на повратните инвестиции во реално време. Eventbaxx се користи од страна на водечките маратони во светот, а еден од нив е и Берлинскиот маратон кој минатата година ја воведе оваа услуга.
www.eventbaxx.com
Пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон е во тек и на 28 февруари истекува третиот бран на пријавување. За повеќе информации може да се посети страната:
www.skopskimaraton.com.mk