Измамата на луѓето е се` повеќе популарна, а за тоа сведочат и лажните агенции кои се промовираат на нивните Фејсбук страни и нудат „службени патувања“.
Тие дури и постираат фотографии о крузерите кои немаат никаква врска со вистинските услови кои несреќните имигранти ги чекаат на тешкиот пат кон подобар живот.
Измамниците ги фалат нивните услуги и објавуваат како би изгледало патувањето на нивните бродови.
Страната الهجرة إلى أوروبا من تركيا (преселување од Европа во Турција) дури и го објавува ценовникот. Така, удобното патување со авион од Турција до Германија, со лажен пасош ќе ве чини 12.000 евра.
Друг шверцер услугата ја нуди за 6.000 долари. Кога ќе се споредат цените јасно е зошто поголемиот дел одлучуваат за патување со брод. Без оглед на стравот од давење, и огромните трошоци за доаѓање во Европа, овие луѓе се обидуваат да побегнат од ужасот кој ги чека дома.
Секако, шверцерите станаа вистински бизнисмени. Свесни дека се` повеќе имиграни се убиени за време на патувања во Европа, на својата веб страна објавуваат фотографии од европски воени бродови кои ги спасуваат доколку случајно дојде до несреќа.