X
 18.02.2015 Технологија

Зошто Стив Џобс бил омразен од толку многу луѓе?

Стив Џобс остави трага во историјата како еден од основачите, а подоцна и извршен директор на една од најуспешните компании на сите времиња.

 

џобс


И денес, неколку години после неговата смрт, Џобс претставува синоним за иновации и успех, но голем број луѓе не го помнат по добро.

Како што велат неговите најблиски соработници, Џобс често пати ги понижувал во јавност, знаел луѓето да ги доведе до солзи и пред сите бил генерално груб.

Голем број луѓе се прашувале дали во тој генијалец „лежи“ социопат, или барем мегаломан.

Еве зошто.

Во една прилика Џобс отпуштил многу луѓе од „Pixar“ без никакво предупредување. Кога еден вработен запрашал дали може да добие две недели одмор, Џобс му одговорил: „Добро, но ретроактивно се пресметуваат како последни две недели“.

Кога производот „Mobile Me“ не ги дал очекуваните резултати, Џобс ги собрал вработените од „Аpple“ и ги запрашал: „Зошто не функционира како што треба?“ и пред сите го отпуштил шефот на тој проект.

Џобс негирал дека е татко на едно девојче, приморувајќи ја нејзината мајка и неа да живеат од помош на држвата.

Ги укинал сите филантропски и добротворни програми кои „Apple“ ги поддржувала и негувала, веднаш штом се вратил во компанијата во 1997 година. Програмите повторно ги вратил неговиот наследник Тим Кук.

Том МекНикол вели дека „лошиот Стив“ бил мрзоволен, непристоен, пакосен човек, опседнат со контрола, кој обожавал да ги понижува вработените, и да ги презема заслугите за работа што тој не ја извршил.

Џони Ајв, кој работел во дизајнерскиот тим на компанијата и бил пријател на Џобс, вели дека Џобс често пати му викал кога Џони ќе застанел на страната на неговите колеги.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија