X
 30.07.2019 Култура

Зошто треба да читаме секој ден?

Читањето не е само добра забава. Секојдневното читање може да ве направи попаметни, порелаксирани луѓе. А позитивните ефекти може да се почувствуваат на било која возраст: дури и пред целосно да ги развијат вештините за читање, децата може да имаат корист од пристапот до книгите и ако родителите редовно им читаат.

Секој треба да чита, затоа што може да има бенефиции низ годините што доаѓаат.

1. Читањето може да ја зголеми интелигенцијата

Луѓето кои покажуваат силни вештини за читање рано во животот, растат поинтелигентни. Тоа беше откритието на едно истражување објавено во 2014 година, што го мереше когнитивниот развој на 1.890 парови на идентични близнаци. Кога двајца близнаци ги делеле истите гени и домашна средина, вештините за рано читање се покажаа како фактор што одлучува кој близнак ќе биде подобар и на вербалните тестови и на невербалните тестови. Бидејќи способноста за читање е нешто што е научено, авторите на истражувањето заклучуваат дека повеќе акцент треба да се стави на учење на силни вештини за читање кај малите деца.

2. Читањето помага во зголемувањето на емпатија

Читањето книги не само што ве прави паметни, туку ве прави и подобра личност. Според истражување објавено во 2013 година, луѓето кои читаат книги полесно можат да почувствуваат и да се поистоветуваат зао емоции кај другите луѓе. Овој ефект веројатно има врска со начинот на кој се напишани книгите: добрата литература ги принудува читателите да излезат надвор од себеси и да имаат емпатии со ликовите за кои читаат.

3. Читањето може да го намали стресот


Се чувствувате под стрес на крајот на долг ден? Книгата може да го намали стресот. Истражување од 2009 година покажа дека 30-минутното читање има слични ефекти како 30-минутно практикување јога.

Фото: Unsplash

4. Читањето може да го промени вашиот мозок

Дури и откако престанете да читате, ефектите од читањето сè уште се присутни во вашиот мозок. Истражување од 2013 година открива дека кога луѓето читаат фикција со силна наративност, нивниот мозок продолжува да се однесува поинаку дури и неколку часа или неколку дена подоцна. Мозокот на читателите покажува зголемена поврзаност во левиот темпорален кортекс - регионот одговорен за јазична рецептивност, дури и неколку часа откако ќе престанат да читаат. Ова укажува на тоа дека читањето може да го обучи умот и да ја зајакне нервната функција преку процес сличен на мускулната меморија.

5. Со читање против зависноста од паметните телефони


Ако сте зафатени да читате во текот на денот, размислете да читате во текот на вечерта, наместо да го користите вашиот паметен телефон. Истражувањата покажуваат дека употребата на паметен телефон во текот на ноќта им отежнува на луѓето да заспијат и доведува до намалување на квалитетот на сонот. Од друга страна, некои експерти велат дека читањето книги може да има релаксирачки ефект, што е идеална активност пред спиење.

6. Читањето им помага на семејствата да се поврзат


Читањето не мора да биде осамена активност. Кога родителите им читаат на глас на своите деца, тие можат да ги пренесат придобивките од читањето и да поттикнат значајни интеракции. За да ги искористат позитивните ефекти од читањето на децата, родителите треба да се држат до сликовници.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура