Познатата веб-страница за филмови „Ротен томатос“ неодамна ја објави листата со најдобри филмови на стриминг-платформата „Хулу“. Филмовите беа рангирани според таканаречениот „Томатометар“, а на првото место се најде македонскиот документарец „Медена земја“.
Како што објаснуваат од „Ротен томатос“, на листата се вклучени филмови што имаат најмалку 20 рецензии и што потоа беа рангирани според „Томатометарот“. Сепак, објаснуваат дека листата постојано ќе се ажурира, така што местата на филмовите постојано ќе се менуваат.
Фото: Screenshot/Rotten Tomatoes
На листата се најдоа 250 филма од различни жанрови. Филмот „Паразит“, кој освои 4 „Оскари“ и беше апсолутен фаворит во секоја категорија во која беше номиниран, се најде на петтото место.
10. „Amazing Grace“, 2019
9. „Jiro Dreams of Sushi“, 2012
8. „Аpollo 11“, 2019
7. „I am not your negro“, 2017
6. „Shoplifters“, 2018
5. „Parasite“, 2019
4. „Glen Campbell: I'll be me“, 2014
3. „Grave of the fireflies“, 1988
2. „Minding the Gap“, 2018
1. „Honeyland“, 2019