Во Македонија во четврток претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, повеќе сончеви периоди се очекуваат во западните предели.
Во попладневните часови се очекува нестабилно време со врнежи од дожд и грмотевици кои ќе бидат проследени и со засилен ветер. Поинтензивни врнежи се очекуваат во источните и североисточните предели, каде локално може да наврнат и до 20 литри дожд.
Врнежите ќе изостанат во западните предели каде се очекува и попладне да биде умерено облачно со сончеви периоди.
Ќе дува доумерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува и доумеренн југозападен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 10 до 20 степени, додека пак маскималните дневни температури ќе достигнат до 23 односно до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност 5.
Во четврток во Скопје претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне со услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 18 степени, а максималната дневна ќе достигне до 31 степен. УВ индексот ќе има вредност 5.
Во петок и сабота ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици и со дополнителен пад на температурите. Па така во сабота утринските температури ќе се движат од 8 до 18 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 20 односно до 30 степени.
Во недела во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Максималните дневни температури ќе достигнат до 22 односно до 33 степени.
Во понеделник се очекува претежно сончево и потопло време. Иако утринските температури сеуште ќе бидат ниски и ќе се движат од 9 до 19 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 23 односно до 33 степени.
Weather4all.com.mk