Ана Јовковска стартува со нов проект „КАРАВАН НА ДЕБАТИ - ПУЛСОТ НА ОПШТЕСТВОТО“ преку кој ќе се промовира културата на дебата, надвор од крутите медиумски рамки, зголемување на јавната свест за важните социо-културни феномени на денешнината, демократизација на јавниот простор и вклучување на локалното население во доменот на граѓанското општество како клучен елемент на демократијата и овозможување на диверзитет на мислења низ формите на културна продукција и интерактивна дебата.
општество!
„КАРАВАН НА ДЕБАТИ - ПУЛСОТ НА ОПШТЕСТВОТО“ - платформа за демократизација на јавниот простор низ интерактивна дебата, по концепт и организација на новинарката Ана Јовковска, а поддржан од Делегацијата на Европската Унија и ЕУ Инфо центарот во Скопје.
Караванот започнува со првата дебата во Скопје на 21. 05. 2015 (четврток) со почеток во 20:00 часот во ЕУ Инфо центарот (Св. Кирил и Методиј 52 б) и продолжува во неколку градови низ Македонија, во Велес на 28. 05. 2015 со почеток во 19:00 часот во Тетарот Јордан Х.К. Џинот, во Тетово на 30. 05. 2015 со почеток во 20:00 часот во Центарот за балканаска соработка ЛОЈА и други.
Панелисти на првата дебата во Скопје се Александар Поповски, театарски и филмски режисер, Ана Мартиноска, професорка и колумнистка и Александар Прокопиев, писател и професор. Модератор е Ана Јовковска, новинарка и активистка, а значаен чинител во дикусијата ќе биде и активната публика. Панелистите за следните дебати ќе бидат накнадно објавени.
Создаваме отворено, инклузивно, демократко и креативно општество