X
 20.12.2019 Живот

ТРИ организира дружење со авторката Ана Јовковска

Утре, со почеток во 12 часот, во книжарницата на ТРИ во ГТЦ ќе се случи book launch – официјално претставување на најновата книга на познатата авторка, новинарка и активист Ана Јовковска - „Сакам, значи постојам“. По третпат Ана Јовковска успеа да „испече“ свеж, топол и љубовен книжевен колач, неодолив и за најсофистицираните сладокусци. На прашање за тоа кој зачин најмногу го употребува во својата книжевна кујна, Ана без двоумење одговора: Слободата!

„Сакам, значи постојам“ е духовно патување од и кон себеси. Книга за потребата да го спасиме овој комплициран свет со љубов и добрина. Страниците натопени со љубов изобилуваат со искрени исповеди за животот, емпатијата, среќата, болката, слободата, родителството, човечкото достоинство.

ТРИ и Ана Јовковска ве очекуваат на ова убаво дружење в сабота (21 декември) од 12 часот!

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот