Секој момент е составен од многу помали моменти. За нешто подолго време од времето потребно за трепнување, срцециот мускул отчукува и пумпа крв богата со кислород, додека пулсевите електрицитет поминуваат по невронот кој потоа испушта хемиски сигнал на друг итн. Инженерот Кејсуке Года знае дека сите овие краткотрајни процеси ја одржуваат во живот „машината“ наречена човеково тело. Токму затоа, тој ја измислил камерата која ги забележува сите тие моменти, кадар по кадар.
Камерата на Года е најбрза во светот и е способна за снимање мали процеси кои се случуваат за помалку од една милисекунда, што би ни овозможило да видиме како реагираат атомите на нуклеарна поделба или како шокот би можел да ги оштети мозочните клетки на војниците.
Неодамна, Года создал уред кој би им дозволил на докторите да забележат канцерогени клетки кои поминуваат низ крвотокот пред да се „населат“ на други органи - што е причина за 90% од смртните случаи на рак.
Года има докторат во физика, работел на астрономски инструменти за откривање слаби сигнали од ѕвезди и галаксии, а подоцна работел во областа на електро-инженерството. Тој сакал да го примени своето искуство од астрономијата за подобрување на апаратите и камерите. Дигиталните камери прават илјадници слики во секунда, но тоа не е доволно брзо за да ги забележи сите детали кои се гледаат со микроскоп.
Года започнал да работи со оптичка фотографија и развил техника со која се добиваат 6,1 милиони слики во секунда. Неколку години подоцна, техниката давала 4,4 трилиони слики во секунда. Года развил уред основан врз оваа техника со кој може да се откријат заразени клетки кои поминуваат низ крвотокот пред да се населат на органи и прошират низ целото тело.
Во 1 милилитар крв, помеѓу милијардите крвни клетки најчесто се кријат приближно 10 заразени клетки. Немаме опрема за да ги откриеме каде се. Впрочем, немавме досега.
Уредот на Года користи микроскоп за фотографирање на секоја клетка во примерокот од крв на пациентот како поминува низ тенок канал и ја анализира нејзината форма за да провери дали е здрава. Сето тоа се одвива симултано.
Технологијата се користи на клинички тестови во Калифорнија, но потребни се години тестирање пред да започне да се користи во болниците.