X
 03.06.2018 Здравје

Шкотска отвори клиника за рехабилитација на зависници од криптовалути

Кесл Крег болницата во Пеблесшир, Шкотска, ја создаде првата програма за рехабилитација за луѓето зависници од тргување со криптовалутите. Болницата го базира третманот на оваа нова зависност на техники што се користат во рехабилитација на зависници од коцкање.

Експертите велат дека трговијата со криптовалутите може да доведе до опсесивно однесување карактеристично и слично на она кое го имаат зависниците од онлајн коцкањето.

биткоин
Фото: Pixabay


-Високиот ризик и флуктуирачкиот пазар на криптовалутите се привлечни за коцкарот бидејќи им овозможуваат возбуда и бегство од реалноста. Биткоинот на пример, е валута со која доста често се тргува и со него се прават огромни добивки но и загуби - вели терапевтот Крис Брн.

Засега нема статистички податоци за зависниците од криптовалути, а болницата изјави дека досега има 13 милиони луѓе низ светот што тргуваат со криптовалута. Ако влијанијата се слични на коцкањето, може да постои причина за загриженост.

-Трговијата со криптовалута го гледам како начин луѓето да избегаат од себе, во друг св ет, бидејќи не им се допаѓа светот во кој се наоѓаат. Првата фаза од третманот е да им се придружат на другите зависници во групна терапија и да ги споделат своите животни приказни. Ова им помага да се идентификуваат едни со други и да сфатат дека не се сами - вели Тони Марини, кој го води центарот. Самиот Марини е поранешен коцкар и зависник од кокаин.

Болницата има веб-страница на која пишува кои се симптомите од зависност од тргување со криптовалути: чувство на напнатост и анксиозност на мускулите, постојана проверка на цените на интернет (дури и во средината на ноќта) и размислување за тргување со криптовалутите дури и кога правите други работи. Исто така, веб-страницата нуди и прашалник за идентификување на потенцијалните зависници како и други ресурси за опоравување. Третманот за зависност што ја користи центарот вклучува пристап од 12 чекори комбиниран со когнитивна бихевиорална терапија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје