Се чини дека проблемите на студентите на ФИНКИ со секој ден стануваат се` поголеми и поголеми. На кој начин тие се соочуваат со нивните секојдневни проблеми и случувања? Дневна доза просечен ФИНКАШ е името на страната која се занимава со проблемите на студентите од ФИНКИ преку хумор. Погледнете го најдоброто од нив.
Просечен студент на ФИНКИ барем еднаш се има зафркнато на испит поради технички проблеми.
Просечен студент на ФИНКИ се среќава со 50 анкети во семестар во групите од факултетот.
Просечен студент на ФИНКИ се моли да полага во прв термин за да му се паднат полесни задачи.
Просечен студент на ФИНКИ чека распоред за полагање по простории после полноќ.
Просечен студент на ФИНКИ иде 15 минути пред почеток на часот за да фати место во последните 5 реда на Оперативни системи.
Просечен студент на ФИНКИ полага по два предмети во исти ден.
Дај им материјал за учење ден пред полагање - Смени им го цел испит и дај им нешто што уште не го учеле.