Во процесот на настава и учење, моливите и тетратките се многу позначајни од компјутерот, американскиот научник тврди Аиниса Рамирез која работи како предавач на престижни универзитети како Универзитетот Јеил и Институтот по технологија во Масачусетс. Таа наведува дека научниците неодамна докажале дека пишувањето со рака го поттикнува развојот на мозокот.
„Кога студентите ги забележуваат информациите на лап топ, тие имаат тенденција да работат како софтвери кои ги претвораат изговорените зборови во пишан текст“, објаснува Рамирез. Таа вели дека не е поентата буквално запишување бидејќи на ваквиот вид учење му недостига синтеза и разбирање на содржината. Студентите кои фаќаат белешки користејќи лап топ имаат површна врска со она што им е презентирано. Оние кои фаќаат белешки рачно, ги процесираат информациите и ги претставуваат на начин на кој има смисла.
„Мораме да се запрашаме дали сакаме студенти кои имаат длабока или површна врска со она што ние ги учиме“, предупредува Рамирез и додава дека живееме во свет на „ситни звучни бајти, каде вестите ни се сервираат необработени“, но дека ова не би требало да биде и модел за размена на информациите во училиштата.
„Способноста знаењето да се достигне на нови начини е многу поважно во 21-от век отколку самото знаење“, додава таа. Затоа студентите кои создаваат подлабока врска со информациите можат да ги поврзат на нов начин.
Тетратките се изгубена уметност. Порано научниците во тетратките ги пишувале своите забелешки, впечатоци, различни информации за резултатите од експериментите кои ги изработуваат.
Професорката Рамирез им препорачува на професорите да ги поттикнат учениците да пишуваат во тетратки - „дајте им рачно да го нацртаат она што го гледаат и она што сакаат да го добијат; нека тоа го замислат визуелно и го пренесат без употреба на дигитални слики“.
Истражувањата покажуваат и дека создавањето на слика со камера не ја подобрува меморијата, такашто со рачното цртање ќе се поттикне можност за експериментирање.
Рамирез предлага професорите и наставниците да се вклучат во активностите на запишување за време на часовите, дури и тогаш кога имаат високо-технолошка опремена училница.
„Кога на моите студенти им покажувам фотографија на „Power Point“, тогаш им покажувам верзија која не ги содржи сите информации на екранот што значи дека тие треба да ги дополнат рачно“, објаснува Рамирез.
Затоа не треба да се меша ефикасноста со вистинската цел на наставата. Целта на наставата не е што повеќе студентите да „набубаат“. Суштината е учење - важно е студентите да научат на кои начини можат да навлезат преку информацијата која ја добиваат.
Користењето на лап топ го зајакнува идеалот на индустриската револуција според која секое дете треба да ја прими информацијата на ист начин и да ја сфати на ист начин. Но, кога компјутерите ќе ги замениме со пенкала, учењето се одвива на вистински начин - нешто поради кое одиме на училиште.