X
 17.08.2016 Технологија

Паметна тетоважа која како далечински управувач го контролира вашиот смартфон

Група студенти по докторски науки, од „MIT Media Lab“ и истражувачи од „Microsoft Research “  работеа на врвна погодна за носење, привремена тетоважа која може да се претвори во екран на допир, што може како далечински управувач да го контролира вашиот смартфон или да споделува податоци со користење на NFC.



Технологијата која е опишана на веб страната на „MIT Media Lab“ ќе биде презентирана во целост на симпозиумот за носечки уреди следниот месец.  Научниците велат дека може да се дизајнира коло со користење на графички софтвер, да се отстрани тетоважата од златно ливче (што е спроведлива за електрична енергија) и потоа да се применат други артикли и компоненти кои придонесуваат за тетоважата да биде интерактивна.

Студијата презентира 3 клучни употреби на тетоважата: може да се користи за да ја претвори кожата во тракпад, дизајн кој менува боја во зависност од температурата, или да се повлечат податоците од тетоважата. Во една фотографија споделена од „MIT Media Lab“ тетоважата дури вклучува ЛЕД светла, создавајќи еден вид на блескав екран на кожата, а може да менува бои и да отклучува врати.

Тетоважата лесно се регулира како привремена, се лепи на кожата со влажна крпа, ја одлепувате хартијата, а подоцна можете да ја отстранете. Погледнете го видеото.


Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија