Кандидатите за административни службеници полагаат испит кој го организира и спроведува Агенцијата. Испитот се состои од стручен дел и дел за проценка на интелектуалниот капацитет на кандидатот.
Со стручниот дел се проверуваат познавањата на кандидатот во следниве области:
- уставниот поредокуставниот поредок на Република Македонија;
- системот на локалната самоуправа;
- системот на управно право, управна постапка и управен спор;
- положбата и други општи прашања за вработените во јавниот сектор;
- правата од работен однос на административните службеници;
- Кодексот за административни службеници.
Во продолжение пронајдете дел од прашањата кои се паѓаат на овој испит.
Кога е донесен Уставот на Република Македонија?
а) 17.11.1991 година
б) 25.01.1991 година
в) 08.09.1991 година
Според Уставот, Република Македонија е...
а) суверена и демократска држава
б) суверена, самостојна, демократска и социјална држава
в) суверена и самостојна држава
На државјанин на Република Македонија не може да му биде одземено државјанството, ниту да биде протеран или предаден на друга држава.
а) точно
б) неточно
Државни симболи на Република Македонија се:
а) собрание, влада и судови
б) грб, знаме и химна
в) армија, полиција и царина.
Основните слободи и права на човекот и на граѓанинот се:
а) уставна материја во Република Македонија
б) лични
в) независни
Слободите и правата на граѓаните:
а) може да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот
б) може да се ограничат само доколку така одлучи Врховниот суд
в) може да се ограничат со закон
Избирачкото право се стекнува со наполнети:
а) 14 години живот
б) 16 години живот
в) 18 години живот
Екстрадиција на странец може да биде извршена:
а) само врз основа на ратификуван меѓународен договор и начело на реципроцитет
б) само врз основа на ратификуван меѓународен договор
в) само врз основа на начело на реципроцитет
Со закон може да се ограничи остварувањето на правото на штрајк во....
а) вооружените сили, полицијата и органите на управата
б) армијата и полицијата
в) здравствените установи
Основното образование е задолжително и бесплатно.
а) точно
б) неточно
Секој граѓанин, во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност, може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот на Рeпублика Македонија пред...
а) органите на државната управа
б) судовите и пред Уставниот суд на Република Македонија
в) Уставниот суд на Република Македонија
Слободите и правата на
човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со...
а)
Уставот на Република Македонија
б) закон
в) со лична согласност
Пратениците во Собранието на Република Македонија се избираат на мандат од:
а) 4 години
б) 6 години
в) 7 години
Право да предлага донесување на закон има:
а) секој пратеник во Собранието на Република Македонија
б) секој пратеник во Собранието на Република Македонија и најмалку 10.000 избирачи
в) секој пратеник во Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија и најмалку 10.000 избирачи
Собранието е должно да распише референдум кога предлог ќе поднесат:
а) секој граѓанин
б) најмалку 130 000 избирачи
в) најмалку 150 000 избирачи
Мандатот на претседателот на Републиката е:
а) 5 години
б) 7 години
в) 8 години
Воена состојба прогласува:
а) Владата на Република Македонија
б) Претседателот на Владата на Република Македонија
в) Собранието на Република Македонија
Постоење на вонредна состојба на територијата на Република Македонија или нејзин дел утврдува:
а) Владата на Република Македонија
б) Собранието на Република Македонија
в) Претседателот на Република Македонија
Данок е должен да плаќа:
а) само вработен граѓанин
б) само невработен граѓанин кој има имот
в) секој граѓанин
Сите прашања пронајдете ги
ОВДЕ.