X
 20.02.2023 Живот

Најчестите прашања што ги поставуваат Американците за европските земји

За жителите на Европа е нормално да се знаат некои основни работи за земјите на континентот, дури и доколку не станува збор за соседна држава. Меѓутоа, многу Американци не знаат речиси ништо за европските земји освен доколку не ги посетиле.

Благодарение на интернетот, може да дознаеме што најмногу ги зачудува Американците во врска со европските земји. Ново истражување ги покажува најчестите прашања што Американците ги поставуваат за европските земји. Истражувањето е направено со анализа на резултати од пребарувања на „Гугл“. На пример, најчестото прашање за Германија гласи: „Зошто Германија има толку патишта?“, а за Франција: „Зошто Франција има петел на дресот?“


Фото: CashNetUSA

Од земјите во регионот, ова се најчестите прашања што ги поставуваат Американците на интернет.

Македонија - Зошто постои?
Црна Гора - Зошто Црна Гора (Montenegro) има шпанско име?
Албанија - Зошто ја мрази Србија?
Косово - Зошто сака независност?
Босна и Херцеговина - Зошто има две имиња?
Хрватска - Зошто го има целиот брег?
Бугарија - Зошто ја мрази Турција?
Србија - Зошто ја поддржува Русија?
Грција - Зошто ја води олимписката парада?

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот