X
 11.07.2015 Живот

Прашања кои откриваат дали сте социопат

Откако Џозеф Гибонс неодамна беше прогласен за виновен бидејќи исценирал и снимил кражба на една њујоршка банка, за која тврдел дека е само дел од уметнички проект, следуваше низа расправии за карактеристиките на социопатите.

 

sociopat


Овде одлично се надоврза книгата „Confessions of a sociopath; a life spent hiding in plain sight“ која е пишувана под псевдоним, а ги открива карактеристиките кои најдобро ги детектираат асоцијалните личности кои можат да бидат поопасни отколку што многу од нас мислат.

Сакате да дознаете дали ги имате некои од карактеристиките, обидете се искрено да одговорите на следните 15 прашања, а доколку повеќе одговори се согласуваат со однесувањето на социопатот - можеби би требало да размислите за следните чекори.

1. Дали сте шармантни и интелигентни?


(социопатот ќе одговори со да)

2. Дали имате некои знаци на ирационално размислување?

(социопатот ќе одговори со не, бидејќи е исклучително рационален)

3. Дали сте сигурни?

(социопатите се често несигурни)

4. Дали често кажувате лаги и дали неискреноста ви е проблем?

(за социопатите не им е проблем да лажат, доколку вистината не им одговара)

5. Дали патите од нервозно однесување?

(социопатите се ретко нервозни или анксиозни и не се плашат од никаков ризик)

6. Дали чувствувате некогаш вина и крижа на совест?

(социопатите никогаш не чувствуваат)

7. Дали вашето однесување е антисоцијално без посебна причина?

(социопатите се често недружељубиви и имаат одредени пореметувања во однесувањето)

8. Дали учите од вашите грешки и колку добро ги потценувате луѓето и ситуациите?

(социопатите мислат дека се попаметни од останатите, ризикуваат кога другите не би ризикувале и не учат од сопствените грешки)

9. Дали имате преголемо его и дали ви е тешко да воспоставите блиски односи со другите луѓе?

(на социопатите тоа често им претставува проблем)

10. Дали кај вас тешко може да се предизвика некоја емоционална реакција?

(социопатите немаат еднаков начин на покажување на чувства бидејќи често не чувствуваат како останатите луѓе)

11. Дали сте способни за рефлексија, односно расудување

(на социопатите тоа им претставува проблем)

12. Дали сте чувствителни на други социјално ранливи групи?

(социопатите мораат често да ги глумат своите реакции за да имаат „општествено прифатлива“ реакција)

13. Дали сакате да се забавувате?

(социопатите често се однесуваат ноншалантно и сакаат безначаен секс, повеќе отколку што е случајот кај останатите луѓе)

14. Дали некогаш некому сте им се заканувале дека ќе се самоубиете?

(социопатите се склони кон претерано драматизирање и емоционални уцени при што не бираат средства)

15. Дали сексуалниот живот ви е безначаен?

(социопатите тешко се врзуваат за луѓето и тешко се заљубуваат - всушност скоро и е невозможно да се заљубат)
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот