X
 24.05.2015 Култура

Чудни закони кои ги има само во Канада

Верувале или не, ова се вистински закони во Канада.


Во Петролија, Онтарио има закон според кој секој кој свирка, пее или вика ќе биде уапсен.

Во Садбури, Онтарио не е легално да се става било што што создава врева на вашиот велосипед (освен ѕвонче).

Во Квебек, забрането е имитирањето странец.

Во Халифакс, таксистите не смеат да носат обични маици и мора да носат чорапи постојано.

Во Монтреал е забрането да се пцуе на француски јазик.

Во Сури се забранети снешковци повисоки од 76 центиметри.

Доколку вашиот папагал зборува гласно во Оук Беј, може да бидете казнети со 100 долари.

Во Нова Шкотска е забрането продавањето вештачки обоени пилиња.

Во Каната, Онтарио се забранети црвените гаражни врати.

Торбите за отпад во Сент Џонс мора да бидат дебели најмалку 1,5 милиметри и да собираат 25-90 литри.

Во Отава е забрането тргнувањето на стапалата од педалите за време на возење велосипед.

Во Алберта е забранет ловот ноќе со светилки.

Во Дартмут се забранети скршените кади.

Во Алберта, откако излегуваат од затвор, затворениците од државата мора да добијат пиштол, муниција и коњ.

Во Томсон е забрането живеењето во кола на улица.

Во цела Канада се забранети стриповите во кои има криминал.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура