Дре Ервин, кој по професија е медицински брат, обожава да фотографира. Себеси се нарекува „терапевтски фотограф“, а за неговото видео наречено „Јужна светлина“ вели дека може да ја смири сечија вознемиреност.
Видеото било направено во близина на неговиот дом во Пајнхаус Лејк, Канада, на 6 февруари, кога експлозија на танцувачка светлина направила
спектакуларно шоу на небото.
- Ова е најдоброто нешто што сум го видел досега - вели Дре Ервин на видеото.
- Токму на овие моменти треба да се фокусираме сите - на убавината на животот - пишува Ервин.
Седнете и уживајте во убавината на овој неверојатен феномен.
Фото: Screenshot/YouTube