Канада е најпривлечна земја за странските студенти, покажува анкета спроведена од фирмата „ИДП Конект“. Во анкетата учествувале над 20.000 идни и моментални студенти од над 100 земји низ светот.
Околу 34 отсто од анкетираните лица изјавиле дека размислуваат да се пријават на студии во најмалку три од земјите што имаат најмногу странски студенти (Австралија, Канада, Обединетото Кралство и САД). Анкетата покажала дека интересот за Австралија и за Обединетото Кралство малку се намалил во споредба со минатата година, а интересот за САД се зголемил.
Според резултатите, студентите биле заинтересирани за можностите за работа во овие земји. Дури 63 отсто од испитаниците изјавиле дека работата по студирањето е најбитен фактор кој го земаат предвид кога размислуваат за земјата во која ќе студираат.
Минатата година Канада имала рекордни 551.405 студенти од 184 земји. Најголем дел од странските студенти се од Индија и од Кина.
Извор:
Erudera
Насловна фотографија: Pixabay