За Германците е на широко познато дека се луѓе што ги почитуваат законите дури и за најмалите нешта. Кога станува збор за однесувањето во јавност, тие имаат навистина
чудни правила. Едно од нив е бушење со дупчалка во недела.
Прочитајте 7 можеби помалку познати, но чудни германски закони:
1. Не смеете да бидете несвесни на вашата свадба. Во Германија е речиси невозможно новиот сопруг кој се опуштил со пиењето да ја уништи прославата затоа што за тоа постои закон. Во него стои дека бракот е невалиден ако еден од брачните партнери не знае дека склучува брак или пак, не е при свест. Значи, ако сакате да измамите некој, нема да ви успее.
2. Казна затвор за предизвикување нуклеарни експлозии. Ако работите на нуклеарно оружје и притоа го тестирате, ќе ви следи 5 години затворска казна за предизвикување нуклеарна експлозија.
3. Противзаконски е да не го чистите ѓубрето од оџакот. Многу домови, особено тие во градовите, немаат оџаци и луѓето не се ни сеќаваат кога последен пат имале, но повеќето домови се греат со природен гас. Сепак, мора да се проверува нивото на јаглероден моноксид и да се чистат саѓите.
4. Телата на мртвите мора да бидат закопани на гробишта. Дури и по смртта мора да почитувате закони. Во повеќето германски покраини мртвите тела мора да се закопаат на гробишта според Обврската за гробишта (Friedhofspflicht). Исклучок е само погребувањето во море. Дури и починатиот да е кремиран, останките мора да се закопаат на гробишта. Поради оваа причина, многу семејства ги носат саканите во Швајцарија за церемонија, каде предавањето на пепелта на семејството се смета за погреб и потоа тие може да ги задржат каде сакаат. Во 2015 за прв пат во Бремен се намалиле ограничувањата. Неговите жители сега можат да ја растурат пепелта на мртвите на приватните имоти.
5. "Deutschland, Deutschland über alles" или„Германија, Германија над сѐ“ е незаконски да се пее. Таа била национална химна од 1922, а музиката е од Јозеф Хајдн напишана во 1797. Подоцна поетот Хајнрих Хофман го пишува текстот во 1841. Но, овој стих станал тесно поврзан со нацистите во текот на минатиот век и бил забранет на крајот од Втората светска војна. Со промовирање и дисеминација на нацистички симболи во Германија може да заработите и до 3 години затвор.
6. Забрането е бушење со дупчалки во недела. За Германците денот за одмор е многу сериозна работа. Продавниците се затворени, луѓето го користат времето за релаксирани прошетки и не смее да има бушење со дупчалки по домовите. Ова не е утврдено со закон, но е против повеќето правилници на домовите. Во многу од нив има забрана за фрлање стаклени шишиња во корпи за отпадоци во одредено време.
7. Забрането е косење на тревниците во недела. Оваа активност е строго забранета и утврдена со закон, сподер кој, ако ја работите оваа активност во недела ќе добиете казна и до 50.000 евра.