Сигурно се сеќавате на филмот или книгата „Мемоарите на една гејша“. Воглавно, од нив можевте да се запознаете со тоа како функционира животот на една гејша.
Поимот гејша во слободен превод значи личност посветена на уметноста. Услугите на гејшите биле доста скапи, а ретко вклучувале било каков вид на еротски елементи. Денес гејшите повторно станаа центар на внимание во светот. За нив се пишува во сите светски весници. Моментално во Лондон се случува саем на фотографии на кои реставраторите од еден британски музеј изложија неверојатни фотографии кои за прв пат во боја, го прикажуваат животот на гејшите.
Линк до галеријата.