X
 27.05.2015 Технологија

Како да ги приклучите вашите омилени Android апликации на компјутер?

Неодамна, Google објави бета алатка наречена ARC Welder за Chrome, која на девелоперите им овозможува да управуваат и тестираат Android апликации на било кој компјутер на кој е инсталиран Chrome.

Исто така, оваа алатка може да ја користат и секојдневните корисници кои сакаат нивните омилени апликации од телефон да ги имаат и на компјутер. Се` што ви е потребно е најновата верзија на Chrome, APK од вашата омилена апликација и ARC Welder за да можете да ги имате апликациите на компјутер.

1 чекор: Пронајдете APK за симнување на вашиот компјутер

 

Со оглед на тоа што ARC Welder бара APK од апликацијата која сакате да ја имает, потребно е да симнете една (или неколку) на вашиот компјутер. Преку Racoon можете да пребарате низ Google Play Store за да симнете APK лесно.


2 чекор: Инсталирајте ARC Welder

 

2


Откако ќе симнете АРК, инсталирајте го ARC Welder додатокот од Chrome Web Store, кој ќе биде додаден на вашиот Chrome App Launcher.

3 чекор: Ставете го АРК во АRC Welder

 

3


Отворете го ARC Welder и селектирајте ја дестинацијата за симнување за да го завршите процесот на инсталирање. После тоа ARC Welder ќе ве праша дали сакате да додадете АРК, па затоа притиснете го знакот + за да го додадете вашиот документ.

4 чекор: Изберете опции

 

4


На следната страна изберете опции за Orientation, Form Factor и Clipboard Access.

5 чекор: Приклучете ја вашата Аndroid апликација во Chrome

 

5


Од таму, притиснете Launch App и со тоа започнувате да ја користите апликацијата. Имајте на ум дека може да е малку побавно со оглед на тоа што АРК Welder е во бета. Исто така, не постои гаранција дека ќе функционираат сите апликации. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија