iOS 10 на „Apple“ од денес започнува да се користи на сите паметни уреди на овој технолошки гигант, а ова се најголемите промени.
1. Пораки
Со најновите пораки можете да испраќате стикери, „Tapback“ реакции, анимации, поголеми емот икони и најдобро од се' е опцијата „emojification“ која нуди увид на се' она што сте го напишале и ви овозможува да ги замените зборовите со емот икони.
Исто така ви дава опција да пишувате и цртате на екранот и да користите апликации во самите пораки.
2. Нотификации
Најголемата визуелна промена на iOS 10 ќе бидат богатите нотификации и можностите за брзо враќање со што ќе бидат покорисни. Повеќе нема да има потреба да ја отворите апликацијата за да гледате видеа, фотографии и да вратите на одредена порака или пост.
Исто така можете да кликнете на копчето за чистење за да ги избришите нотификациите.
3. Заклучен екран
Заедно со нотификациите, екранот за заклучување е доста покорисен. Графичката контрола од „today“ може да се види со лизгање десно на заклучениот екран. Исто така, достапни се неколку додатоци на почетниот екран, онаму каде се наоѓаа предлозите за апликации на Сири.
Исто така можете да одредите кога да се вклучи екранот на вашиот телефон кога ќе го крените. Со оваа опција полесно се пристапува до графичките контроли и нотификациите без случајно да го отклучите телефонот кога ќе го притиснете копчето „Home“.
4. Бришење на апликации
Сега можете да ги избришете „Stock“ како и други апликации. Нема да бидат целосно избришани туку ќе бидат скриени и нема да се појавуваат на вашиот почетен екран.
5. Центар за контрола
Сега постојат два делови на центарот за контрола (Control Centre). Првиот ги прикажува истите брзи контроли како претходно, освен музиката која е префрлена на вториот дел. Музичкиот дел ја прикажува апликацијата која свири нешто како и контролите за музика, глас како и новата опција за приклучување на слушалки преку „Bluetooth“.
6. 3D допир
Повеќе од апликациите на „Apple“ имаат можност за 3D допир, додека целиот систем има повеќе гестови за екран чувствителен на притисок претставен со iPhone 6S. Со силното притискање на иконата за апликацијата Calendar на пример, се појавува графичката контрола за календарот.
Со силно притискање на фолдерот со апликации и нотификациите во нив, сега се појавува листа на апликации за брз пристап до онаа која го бара вашето внимание. Со силно притискање на долниот ред на иконите за Controle Centre исто така излегуваат брзи поставки како што е интензитетот на светлина на блицот, но не за горниот ред за поставки како што се достапните безжични мрежи или Bluetooth уреди.
7. Apple's Photos
Apple's Photos сега имаат голем дел од истите карактеристики на ривалите како Google Photos. Вградено е препознавање на лицето, сцената и предметите како и автоматско паметно групирање за локации, теми, патувања, луѓе и други активности. Сето ова заедно се нарекува Memories, но додека Google Photos и други бараат фотографиите да бидат испратени за анализа, „Apple Photos“ сето тоа го менаџира на уредот. Успехот на ваквата интелигентна фото анализа останува да се види.
8. Apple Maps
Apple Maps продолжува да се труди да ги достигне Google Maps. Сега известува за сообраќајот и нуди побрзи рути и дава предлози за места во близина.
Исто така мапите изгледаат почисто и дава можност за „front-and-centre“ пребарување, со брзо избирање на рутата, која е лесна за користење, особено за места со јавен транспорт. Можеби не е доволно за да се привлечат корисниците на Google Maps, меѓутоа дефинитивно
има подобрување.
9. Apple Music
Apple Music е опција опишана како тешка за користење. За iOS 10, компанијата отиде чекор понатаму и тоа во правилна насока.
Музиката складирана во библиотеката сега е полесна за пристап - уредувањето и прегледот на преземената музика е само со едно кликање на Downloaded Music, и не е „закопана“ во менито.
Корисниците имаат поголема контрола врз тоа што се додава и не се додава во нивната библиотека за музиката кога се додава плејлистата и што се синхронизира и презема помеѓу уредите. Исто така, сега постои и текст за караоке опцијата.
10. Сири
Сири е сега достапна за секоја апликација. Сири ќе биде достапна да се справи со повеќе и повеќе задачи од различни апликации и услуги, кои ќе бидат особено корисни за апарати со контрола на гласот под HomeKit - постои цела нова Home апликација.
Сири исто така е вклучена во QuickType тастатурата за поинтелигентни предлози и контекстуален влез, како што е споменување на средби во разговори поврзани со апликацијата Calendar.
iOS 10 ќе биде достапен од денес за iPhone 5 и понови модели, iPad 4 или iPad mini 2 како и поновата и шеста генерација на iPod touch.