X
 26.08.2018 Живот

Новиот проект во Норвешка е вистинско инженерско чудо

Западниот норвешки брег го одзема здивот од убавина. Обликуван е од глечери, а некои од фјордовите се простираат на должина од 200 километри. Моменталната ситуација е таква што ако сакате да преминете преку овој дел, мора да возите 1.100 километри што би ви одзело 21 час.

Поради тоа, норвешката влада работи на најголемиот проект за инфраструктурата во историјата на оваа земја.

Е39 поминува од Кристиансанд на југ до Трондхајм на север. Рутата поминува покрај фјодрови и за да го поминете овој пат треба да се качите на седум фериботови.

Новиот проект ќе ја елиминира оваа потреба со создавање на мостови и тунели, низ, преку и под земјата.

Бидејќи многу фјордови на патот биле премногу широки и длабоки за вообичаените решенија, бил ангажиран цел тим на експерти за да пронајде решение што потсетува на филм од научна фантастика.

Се смета дека проектот ќе чини неверојатни 43 милијарди евра.

Првата фаза е подводниот тунел Рогфаст со кој ќе се избегнат два траекти. Ќе биде долг 26.7 метри и ќе достигнува максимална длабочина од 392 метри под вода. Рогфаст ќе биде најдолг и најдлабок подводен пат во светот. Неговата изградба е веќе во тек. Ќе биде завршен или в 2025 или 2026 година.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот